Политика и празнување по повод закројувањето на лозјето на падините на Вардар [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше на празнувањето на Свети Трифун со симболично закројување на лозјето во Вардарската долина.

Тој во оваа пригода, се сретна со претседателот Иванов, со премиерот Заев и со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој следната недела ќе учествува на Саемот за земјоделство во Париз. Амбасадорот со нив ги посети изложените домашни производи во Кавадарци и во Неготино и разговараше со градоначалниците Митко Јанчев и Тони Делков за соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството и винарството, како и за унапредувањето на францускиот јазик во училиштата во овој регион. Амбасадорот, исто така, ја посети винарската визба "Лепово - Тиквеш" на покана на нејзиниот сопственик, каде што имаше извонредна соработка со францускиот енолог, Филип Камби. Овој домен, како и управувањето во областа на земјоделството, може да бидат предмет на нова соработка меѓу двете земји.

publie le 17/02/2018

hautdepage