Половина век збратимување [fr] [sq]

На 3 ноември во Битола започнаа активностите за одбележување на 50-годишнината од збратимувањето со Епинал.

Делегација предводена од градоначалникот Мишел Ајнриш ѝ подари на општина Битола кошница со пчели како симбол на определбата на Епинал да се бори за зачувување на биодиверзитетот. Двајцата градоначалници, во присуство на амбасадорот и на поранешната амбасадорка Лоренс Оер, засадија дрво што го симболизира пријателството меѓу двата града и развојот на нивната соработка.

Делегацијата учествуваше на отворањето на изложбата „100 години од Македонскиот фронт", која ја изработи Здружението на професори по историја и е предвидено таа да ги посети училиштата низ земјата. Се планира и превод на француски јазик со поддршка на градот Епинал. Истиот ден, беше отворена и изложба на тема „Претставување на Св. Никола, фигура на нашето заедничко културно наследство, во делата на Жан-Пол Маршал“, сликар гравер во дрво од Епинал.

publie le 05/11/2018

hautdepage