Во околности кога е присутна пандемијата KОВИД-19, амбасадата на Франција обезбеди помош за Црвениот крст на град Скопје со цел да се одговори на потребите на најранливите лица погодени од актуелните економски тешкотии, главно лицата со посебни потреби и семејства со самохрани родители.
Веќе се дистрибуирани 3 161 спакувани оброци, како и 2 450 комплети за хигиена. 2 350 други комплети ќе бидат дистрибуирани во текот на наредните денови благодарение на оваа финансиска помош.