Порака од Интерпарламентарната група за пријателство Франција-Западен Балкан при Францускиот Сенат [fr]

Интерпарламентарната група за пријателство Франција-Западен Балкан при Францускиот Сенат посакува успешен консултативен референдум на 30 септември 2018 година.

JPEG

Госпоѓа Марта де Сидрак, Претседателка на групата за пријателство Франција-Западен Балкан при Сенатот и Господин Арно Базен, Претседател на групата за пријателство со Македонија, со внимание и интерес го следат процесот на решавање на спорот со Грција.

На 13 јуни годинава, тие објавија соопштение до медиумите за да го поздрават постигнувањето на договорот со Атина под името “Северна Република Mакедонија”
( кое може да го најдете на интернет страницата на Сенатот: http://www.senat.fr/presse/cp20180613c.html).

Сенаторите одлучија и да допатуваат во Скопје на 20 и 21 септеври и да присуствуваат на важни состаноци кои им ги организираше Амбасадата на Франција, но откажувањето на летот од Љубљана ги спречи да допатуваат.

Во овој момент, кој е од суштинско значење за земјата и за нејзиното население, погледите на Госпоѓа де Сидрак и на Господин Базен се свртени кон Македонија. Надвор од сите потешкотии кои треба да се надминат пред да стапи во сила Спогодбата од Преспа, тие веруваат дека граѓаните се цврсто определени слободно да ја земат судбината во свои раце за да ја изберат интеграцијата, безбедноста и иднината.

publie le 25/09/2018

hautdepage