Порака од амбасадорот [fr] [sq]

„Овие празници ќе бидат, на крајот од оваа година, повеќе од претходните, во знакот на братството и солидарноста. Тоа се впрочем нашите главни адути во борбата против вирусот.“! Амбасадорот на Франција испраќа порака во знак на поддршка и солидарност

Драги сонародници, драги пријатели на Франција,

Како што се приближува крајот на годината, се надевам дека вие, вашите семејства и вашите блиски, сте во добро здравје и подготвени да покажете уште малку трпеливост. Со оглед на сегашната здравствена состојба, нема да можеме да ги прославиме новогодишните и божиќните празници како вообичаено. Затоа, сакав да ви ја испратам оваа порака, во знак на поддршка и солидарност.

Во моите мисли се најнапред сите оние што беа погодени од болеста, директно или преку своите семејства, преку своите блиски. Потоа медицинскиот персонал, кој, под многу тешки и продолжени услови на работа, издржа и сè уште издржува. Затоа, во името на посветеноста на медицинскиот персонал, и едноставно, за да не ја оптоваруваме дополнително неговата задача, мораме, а тоа е и наша должност, да ги почитуваме мерките за заштита, дури и повеќе во овој период на празнична атмосфера. Овие празници ќе бидат, на крајот од оваа година, повеќе од претходните, во знакот на братството и солидарноста. Тоа се впрочем нашите главни адути во борбата против вирусот.

Годината што претстои треба да биде обележана со постепено враќање во нормалниот живот, но тоа зависи и од нас. На многу начини, 2021 година ветува дека ќе биде година на надеж, интензивна и клучна. Затоа ви ги испраќам, за вашите најблиски и лично до вас, моите најдобри желби за среќа, здравје и успех во оваа Нова Година, и без одлагање, ви посакувам среќни божиќни празници.

publie le 25/12/2020

hautdepage