Посета на Амбасадорот на Франција на бањата Бањиште [fr]

Амбасадорот на Франција, ја посети бањата и спа-центарот во Бањиште, каде што се сретна со сопственикот, господин Меџид Цапа.

Амбасадорот на Франција, заедно со аташето за соработка, како и со градоначалникот на Дебар, ја посети бањата и спа-центарот во Бањиште, каде што се сретна со сопственикот, господин Меџид Цапа. Амбасадорот Тимоние се информираше за тековната состојба и начинот на работа, како и за капацитетите и потенцијалот на бањата и спа-центарот во Бањиште, којшто значително придонесува за развојот на туризмот во овој регион.

publie le 05/05/2017

hautdepage