Посета на Амбасадорот на Франција на неколку средни училишта во земјата [fr]

Во рамките на посетата на гимназиите, амбасадорот на Франција се сретна со директорите, професорите и учениците од двојазичните паралелки.

Во рамките на посетата на гимназиите „Р.Ј. Корчагин” и „Орце Николов” во Скопје, „Јосип Броз-Тито” во Битола и „Гоце Делчев” во Куманово, амбасадорот на Франција се сретна со директорите, професорите и учениците од двојазичните паралелки. Во таа пригода, амбасадорот Тимоние ја врачи официјалната диплома „LabelFranceEducation” за квалитет во двојазичното франкофонско образование на гимназијата „Орце Николов” од Скопје.

publie le 04/05/2017

hautdepage