Посета на Француските воени гробишта и Меморијалниот комплекс во Битола [fr] [sq]

Во саботата на 19 септември по повод Деновите на европското наследство, амбасадорот, Н.Е. г-динот Тимоние и регионалната советничка за економија, г-ѓа Флоранс Добел, ги посетија Француските воени гробишта и Меморијалниот комплекс во Битола, со посебен акцент врз взаемната улога на наследството во образованието.

Во саботата на 19 септември, за време на својот престој во Битола, амбасадорот, придружуван од регионалната советничка за економија, г-ѓа Флоранс Добел, ги посети Француските воени гробишта и Меморијалниот комплекс во Битола. Овој викенд, Франција ги одбележува Деновите на европското наследство, со посебен акцент врз улогата на образованието во наследството и улогата на наследството во образованието. Отворени во мај 2018 година, Спомен-куќата и музеј во Скопје и Меморијалниот комплекс во Битола, се посветени на зачувување на спомените и нивно пренесување на помладите генерации. Тие се отворени во чест на сеќавањето на француските војници и на војниците од целата империја кои се бореле заедно со нив на Балканскиот фронт. Во средината на септември се одбележува годишнината од пробивот на француските и на сојузничките армии во Македонија, што претставувало вовед во ноемвриската победа на Западниот фронт.

publie le 30/09/2020

hautdepage