Посета на Француските воени гробишта во Скопје [fr] [sq]

На 18 април, г-ѓа Серен Моборњ, пратеничка од Вар, и г-ѓа Мари-Кристин Далоз, пратеничка и советничка од Јура, набљудувачи на претседателските избори на 21 април, за Парламентарното собрание на ОБСЕ, беа заедно со амбасадорот во посета на Француските воени гробишта во Скопје и им оддадоа почит на 3000 војници загинати за Франција, кои таму почиваат.

Тие ја посетија и Спомен куќата и музеј, посветен на историјата на Македонскиот фронт, кој беше отворен во мај 2018 година.

publie le 23/04/2019

hautdepage