Посета на Гевгелија [fr] [sq]

Во вторник на 20 ноември, амбасадорот ја посети Гевгелија, каде што оствари средба со градоначалникот г. Сашо Поцков, со кого разговараше за перспективите за билатерална и регионална соработка.

Во рамките на постапката за отворање на двојазична франкофонска паралелка, амбасадорот се сретна со директорот на гимназијата "Јосиф Јосифовски Свештарот", г. Цветко Нелоски и со мотивираните и динамични професори по француски јазик.

Потоа, тој имаше можност да се запознае со динамиката на локалните фирми, преку посетата на фабриката "Жито Пром" и на текстилната фабрика "Меркјури" извозно ориентирани компании со извонредно ниво на технологија.

Амбасадорот, исто така, оствари средба со претставници на локалните невладини организации, а особено со претседателот на невладината организација "Спас за нас - Гевгелија", г. Ангел Наков, кои го информираа за граѓанскиот референдум против активностите во областа на рударството во овој регион, како и со големите еколошки и здравствени предизвици на тој план.

Посетата заврши со средба со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција) во овој град и нејзиниот претседател, член на советот на општина Гевгелија, г. Андон Сарамандов.

publie le 27/11/2018

hautdepage