Посета на Господинот Арлем ДЕЗИР, Државен секретар за Европски прашања во Министерството за Надворешни Работи и Меѓународен Развој

2 септември 2015; Во рамките на својата посета, Господинот Арлем ДЕЗИР ќе оствари средби со највисоките македонски авторитети.

JPEG

Амбасадата на Франција има чест да извести дека Господинот Арлем ДЕЗИР, Државен секретар за Европски прашања во Министерството за Надворешни Работи и Меѓународен Развој пристигна во посета на РМ денес, среда 2 септември 2015 г.
Во рамките на својата посета, Господинот Арлем ДЕЗИР ќе оствари средба со :
- Неговата Екселенција Господинот Ѓорге ИВАНОВ, Претседател на Република Македонија;
- Неговата Екселенција Господинот Никола ПОПОСКИ, Министер за Надворешни Работи;
- Господинот Никола ГРУЕВСКИ, Претседател на Владата.
- Господинот Фатмир БЕСИМИ, Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, по која ќе следат изјави за медиумите во 11:45 во просториите на Секретаријатот за европски прашања.
Господинот Арлем ДЕЗИР, ќе го посети и граничниот железнички премин кај Табановце во 18:15 за да ја утврди реалната состојба на терен со мигрантите.

JPEG
JPEG
JPEG

publie le 04/09/2015

hautdepage