Посета на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури" [fr] [sq]

Министерот за Образование и Наука г. Арбер Адеми и амбасадорот, во средата на 17 јули заедно го посетија Меѓународниот институт за мода „Изет Цури", којшто се наоѓа среде старата скопска чаршија, во простории дадени на располагање од страна на градоначалникот на Чаир.

Господинот Цури ги презентираше креациите на студентите пред амбасадорот и министерот, а потоа тие разговараа за перспективите и развојот на овој уникатен институт во земјата, пример за професионализам и квалитет, кој нуди настава по моделирање на облека. Учениците имаат часови по француски јазик за време на студирањето, а најдобрите од генерацијата во изработка, концепција и стилизирање на моделите, заминуваат секоја година во Париз, со поддршка на Францускиот институт во Скопје, на престој кој е резервиран за најважните настани од областа на модата.

JPEG

publie le 22/07/2019

hautdepage