Посета на Општина Тетово [fr] [sq]

Во петокот на 20 септември, амбасадорот престојуваше во Тетово. Во таа прилика, тој ги посети седиштата на политичките партии и локалното раководство на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а оствари средби и со претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи и претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети.

За време на овие средби, соговорниците разговараа на теми поврзани со политичката состојба, односите меѓу заедниците, иднината на Специјалното обвинителство и Француската стратегија за Западен Балкан. Амбасадорот стави посебен акцент на напредокот што се очекува во областа на владеењето на правото, нагласувајќи дека започнувањето на преговорите со ЕУ ќе зависи од проценката на земјите-членки следниот месец, во октомври, кога ќе треба да се испитаат објективно резултатите од спроведувањето на тековните реформи во областа на ефективната борба против криминалот и корупцијата.

publie le 27/09/2019

hautdepage