Посета на албанската издавачка куќа "Логос-А" [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за култура, г. Бранко Чобанов, на 13 април ја посети албанската издавачка куќа "Логос-А" во Скопје.

Во оваа прилика тој беше примен од директорот, г-дин Аднан Исмаили, а средбата беше можност тие да се запознаат со активностите и публикациите на оваа издавачка куќа во областа на историјата, политиката, филозофијата, религијата, социологијата итн.

Издавачката куќа Логос-А е добро позната по преведувањето на дела од француски автори на албански јазик. Соговорниците зборуваа за можностите за потпишување на меморандум за соработка со Францускиот институт во Скопје, поканувајќи француски говорници да ги презентираат француските автори на книги, како и да ја продлабочат соработката во областа на книги на француски, македонски и албански јазик и да имаат размена на полето на културата.

publie le 09/05/2018

hautdepage