Посета на амбасадорот во Дебар [fr] [sq]

Во саботата на 23 март, амбасадорот го посети Дебар каде што се запозна со кандидатите за вонредните локални избори.

Средбата со в.д. градоначалникот (ДУИ) и кандидат на неколку политички партии, г. Хекуран Дука, беше можност тие да разговараат за актуелната состојба во оваа општина која претставува пример за соживот меѓу заедниците. Тие разговараа и за билатералната соработка, како и за условите за одржување на изборите на 21-ви април. Амбасадорот ја истакна значењето што Франција го дава на спроведувањето на изборите во фер и транспарентни услови. Амбасадорот оствари средба и со г. Арбен Аголи, кандидат за локалните избори од Алијансата за Албанците, со кого разговараше за истите прашања.

publie le 25/03/2019

hautdepage