Посета на амбасадорот во Гостивар [fr] [sq]

Во саботата на 18 мај, амбасадорот ја посети општина Гостивар, пример за соработка меѓу заедниците, особено албанската, македонската и турската, и оствари средба со градоначалникот г. Арбен Таравари.

Тие, исто така, разговараа за можностите за соработка во рамките на новата активност во Западен Балкан на Француската агенција за развој и се согласија да ја истакнат важноста на наставата по француски јазик во Гостивар. Амбасадорот му се заблагодари на градоначалникот за неговата поддршка за Денот на Франкофонијата што се одржа тој ден во градот. На крајот од средбата, одговарајќи на прашања на новинарите, амбасадорот потсети на постојаната поддршка што Франција ја дава на македонските власти, нагласувајќи притоа дека земјата треба да ја покаже својата способност за исполнување на критериумите за членство наведени од Европскиот совет во јуни минатата година.

publie le 22/05/2019

hautdepage