Посета на амбасадорот во Охрид [fr] [sq]

Во саботата на 23 март амбасадорот оствари средба со г. Константин Георгиески, кандидат на вонредните локални избори и вршител на должноста градоначалник (СДСМ) на Охрид, како и со кандидатот поддржан од опозицијата, г. Митре Милошески.

Градоначалникот го информираше амбасадорот за тековните случувања, особено за условите потребни за да се задржи статусот на градот како светско културно и природно богатство заштитено од УНЕСКО, наспроти притисоците од различни економски и други интереси. Тие разговараа и за перспективите за соработка, а амбасадорот ја истакна важноста од фер и транспарентни избори како етапа од процесот на европската интеграција. Амбасадорот, исто така, разговараше за истите прашања со кандидатот поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, г. Митре Милошески.

publie le 25/03/2019

hautdepage