Посета на амбасадорот во општина Велес [fr] [sq]

Амбасадорот во понеделник, на 18 март, ја посети општина Велес и оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски.Посетата на амбасадорот беше исто така можност да се разговара за политичката состојба со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Игор Здравковски. Амбасадорот ја прифати поканата на Ротари клубот од Велес да оствари средба и да разговара вечерта со неговите членови.

Амбасадорот во понеделник, на 18 март, ја посети општина Велес и оствари средба со градоначалникот Аце Коцевски. Градоначалникот го информираше амбасадорот за активностите на општината од почетокот на неговиот мандат, како и за перспективите за продолжување на одличната соработка со француските локални заедници и организации.

На средбата, амбасадорот зборуваше за поддршката што ја дава амбасадата на иницијативите за децентрализирана соработка, вклучително и донацијата во медицинска опрема која е во тек на реализација, наменета за болницата во Велес од страна на асоцијацијата АЛМА од Алзас. Посетата на амбасадорот беше исто така можност да се разговара за политичката состојба со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, г. Игор Здравковски. Амбасадорот ја прифати поканата на Ротари клубот од Велес да оствари средба и да разговара вечерта со неговите членови за состојбите во Европската унија, особено по писмото на претседателот Макрон до граѓаните на Европа->3605].

publie le 25/03/2019

hautdepage