Посета на делегација од Здружението на слушатели на Институтот за високи студии по национална одбрана (IHEDN) [fr] [sq]

На 15 октомври, амбасадорот организираше прием за делегација од Здружението на слушатели на Институтот за високи студии по национална одбрана (IHEDN), експерти за безбедносни и одбранбени прашања, кои беа во посета на Северна Македонија во рамките на нивниот престој во регионот на Западен Балкан.

Настанот беше можност тие да се сретнат со поранешни македонски слушатели, меѓу кои и поранешната министерка за Надворешни работи, г-ѓа Илинка Митрева. Делегацијата беше примена од Државниот секретар во Министерството за Одбрана г. Драган Николиќ и од Директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танаскоски, а имаа можност да присуствуваат и на презентација на г-ѓа Ана Блажеска од Центарот за истражување и креирање политики, поранешен државен секретар во Секретаријатот за европски прашања. Нивната посета се реализираше во рамките на француската стратегија за Западен Балкан (bit.ly/2MYK8MP).

publie le 21/10/2019

hautdepage