Посета на еден од Прифатните транзитни центри [fr] [sq]

Во четвртокот, на 20 декември, амбасадорот го посети Прифатниот транзитен центар во Табановце, кој се наоѓа на границата со Србија.

JPEG - 131.5 ko

Во таа пригода, тој се сретна со раководителите на тимовите на Црвениот крст и на Регионалниот центар за управување со кризи и разговараше во врска со нивните оперативни капацитети за помош на мигрантите во зимскиот период. Тој, исто така, оствари средба со претставници на хуманитарната невладина организација „Легис", која се информира за состојбата со мигрантите и им помага при различни административни постапки, особено во контекст на постапките за барање азил или пристапот до меѓународна заштита.

publie le 09/01/2019

hautdepage