Посета на француски пратеници, членови на групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија [fr] [sq]

Француските пратеници од партијата "Републиката во движење", Бертран Сор и Грегори Галбадон престојуваа во посета на Македонија од 23 до 27 април 2018 година.

Бертран Сор и Грегори Галбадон, претседател и заменик-претседател на групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија, во рамките на нивната посета на Македонија, од 23 до 27 април, беа примени од Претседателот Ѓорге Иванов, од Министерот за Надворешни работи Никола Димитров, од Заменик-министерот за одбрана Беким Максути и од нивните македонски колеги од парламентарната група со која претседава г. Панче Иванов.

На 25 април во Битола, пратениците Сор и Галбадон, заедно со амбасадорот, остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска и присуствуваа на церемонијата за жртвите од Првата светска војна на Француските воени гробишта.

Во таа пригода свечено беше поставено уметничко дело од длабен камен, изработено од француски ученици, во рамките на образовната размена помеѓу гимназијата "Ла Рокел" од Кутанс во Нормандија и гимназијата "Јосип Броз-Тито" од Битола.

publie le 08/05/2018

hautdepage