Посета на американскиот амбасадор на француските воени гробишта [fr] [sq]

Во средата, на 17 октомври, во пресрет на Стогодишнината од примирјето од 1918 година, амбасадорот со задоволство одговори на желбата на неговиот американски колега, Н.Е. Г. Џес Бејли, да ги посети Француските воени гробишта во Скопје.

Заедно, тие ја поздравија храброста на 3.000 војници кои загинале за Франција, и разговараа за клучната улога на американските експедициски трупи во епилогот на Големата војна. Амбасадорите ја посетија и Спомен-куќата, отворена во мај оваа година, чијшто музејски простор е посветен на настаните од Македонскиот фронт. Амбасадорот, чиј дедо се борел заедно со француските војници во областа Шампањ во 1918 година, се потпиша во книгата на спомените, истакнувајќи ја важноста од зачувувањето на трансатлантската врска за мир во Европа и на Балканот.

publie le 19/10/2018

hautdepage