Посета на г-ѓа Eлен Конве-Муре, поранешна министерка, потпретседателка на Сенатот [fr] [sq]

Eлен Конве-Муре, поранешна министерка, потпретседателка на Сенатот (од редовите на Социјалистичката партија), престојуваше од 1 до 5 ноември во работна посета на земјата. Притоа, таа оствари средби со Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, со Потпретседателот Горан Мисовски и со парламентарната Група за соработка Северна Македонија - Франција, како и со г. Хари Локвенец, Претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, г. Антонио Милошоски, Претседател на Комисијата за надворешни работи и г. Артан Груби, Претседател на собраниската Комисија за европски прашања, со што даде свој придонес кон зајакнувањето на француско-македонската парламентарна размена.

Таа изрази целосна поддршка за европскиот пат на земјата кој останува сосема актуелен. Г-ѓа Конве-Муре одржа предавање на Дипломатската академија при МНР за развојот на европската одбрана, во присуство на Заменик- министерот за надворешни работи, г. Андреј Жерновски. Нејзиниот престој заврши со посета, во вторникот на 5 ноември, на Француските воени гробишта во Скопје и на „Спомен-куќата и Музеј. Во оваа пригода, сенаторката положи венец во знак на сеќавање на 3.000 војници кои загинале за Франција.

publie le 08/11/2019

hautdepage