Посета на генералот Патрик Дестремо, директор на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција (IHEDN) [fr] [sq]

Директорот на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција (IHEDN), генерал-потполковник Патрик Дестремо, на покана на г-ѓа Радмила Шекеринска, Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана, престојуваше на 6-ти и 7-ми мај во посета на Северна Македонија.

Тој оствари низа средби со воени и цивилни претставници од Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи, беше примен од страна на државниот секретар во МНР, г. Виктор Димовски, а ја посети и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски". Генералот, исто така, разговараше на тркалезна маса организирана во резиденцијата на Франција, со експерти од областа на безбедноста, а се сретна и со поранешни македонски слушатели на IHEDN. Во вторник, на 7 мај генералот Дестремо ги посети француските воени гробишта во Скопје и оддаде почит на 3.000 војници кои загинале за Франција во Првата светска војна на Македонскиот фронт. Посетата е дел од новата француска стратегија за Балканот објавена на 29 април на Самитот во Берлин (bit.ly/2XTMeBo)

publie le 10/05/2019

hautdepage