Посета на општина Делчево [fr] [sq]

Во четвртокот, на 18 април амбасадорот го посети Делчево и се сретна со градоначалникот Горан Трајковски, со кого разговараше за приоритетните проекти поддржани од ЕУ преку инструментот за прекугранична соработка.

По посетата на библиотеката и музејот, тој оствари средба со професорите по француски јазик и директорите на училиштата и разговараше со нив за можностите за продлабочување на образовната и културната соработка преку Францускиот институт во Скопје. Амбасадорот се сретна и со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција) Горанчо Тодоровски со кој разговараше за состојбите во општината и за претседателските избори. Посетата продолжи со средба со раководителите на компанијата „ММЦ Прогрес", чии висококвалитетни текстилни производи се извезуваат на европскиот пазар.

publie le 23/04/2019

hautdepage