Посета на општина Гостивар [fr] [sq]

На 11 јули, амбасадорот го посети Гостивар и оствари средба со градоначалникот г. Арбен Таравари. Во таа пригода тие разговараа за можните проекти во регионот на Гостивар под покровителство на Француската агенција за развој, како и за актуелната политичка состојба во Северна Македонија, за важноста од имплементацијата на реформите во рамките на локалната самоуправа.

Амбасадорот, исто така, му се заблагодари на градоначалникот за неговата поддршка на активностите поврзани со Франкофонијата и промоцијата на францускиот јазик. Во оваа насока, амбасадорот се сретна и со г-ѓа Аслиан Снопче, раководител на Секторот за прашања од јавен карактер, како и со претставници од Секторот за образование во оваа општина.

publie le 13/07/2019

hautdepage