Посета на општина Кавадарци [fr] [sq]

Во вторникот на 23 април, амбасадорот ја посети општина Кавадарци и оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев (ВМРО). Градоначалникот Јанчев пред амбасадорот ги претстави резултатите од првиот круг од претседателските избори, како и проектите на општина Кавадарци, вклучувајќи го и основањето на регионален музеј на виното.

На средбата, амбасадорот се осврна на претстојниот почеток на активностите на Балканот на Француската агенција за развој и можностите за соработка во областа на туризмот, заштитата на животната средина, гасификацијата... Посетата продолжи со средба со г. Горан Тодоров, советник (опозиција) и претседател на општинската организација на СДСМ, во врска со актуелни прашања. Амбасадорот ја посети и Спомен-костурницата на паднатите борци за време на Втората светска војна и жртвите на фашизмот, како и градскиот музеј.

publie le 28/04/2019

hautdepage