Посета на општина Петровец [fr] [sq]

Во петокот на 6 септември, на барање на градоначалникот, амбасадорот ја посети општина Петровец. За време на средбата со нејзиниот градоначалник, г. Борче Митевски (од редовите на ВМРО-ДПМНЕ), соговорниците разговараа за состојбите во оваа мултиетничка општина во скопскиот регион, во полн развој, како и за можностите за соработка, особено во областа на образованието и урбанизмот.

Тие разговараа и за перспективите за продлабочување на билатералната соработка во контекст на идните активности на Француската агенција за развој во Северна Македонија.

publie le 10/09/2019

hautdepage