Посета на пратеничката Лилјана Танги [fr] [sq]

Госпоѓа Лилјана Танги, член на "Републиката во движење", политичката партија на претседателот Макрон, член на Националното Собрание на Република Франција, Заменик-претседател на Комисијата за европски прашања, одговорна за Балканот и Заменик-претседател на групата за француско-македонска парламентарна соработка, престојуваше во тридневна посета на Македонија, од среда 21 до петок 23 март.

Г-ѓа Лилијана Танги, член на Националното Собрание, Заменик-претседател на Комисијата за европски прашања и на на групата за француско-македонска парламентарна соработка и амбасадорот, во четвртокот на 22 март ги посетија градовите Кочани и Штип. Посетата започна со средба со градоначалникот на Кочани, г-дин Николчо Илијев, за време на која беа разгледани прашања поврзани со функционирањето на општина Кочани, а особено со развојот на термалните капацитети во регионот.

JPEG JPEG JPEG

За време на средбата со градоначалникот на Штип и потпретседател на СДСМ, г-дин Благој Бочварски, пратеничката и амбасадорот се информираа за досегашните активности од неговото назначување, како и за новите проекти за развој на оваа општина. Организирана беше и средба со претставниците на ВМРО-ДМНПЕ од двата града. Г-ѓа Танги истакна дека Франција ќе продолжи да ја поддржува Македонија во нејзините напори за спроведување на стратешките приоритети за нејзина интеграција во ЕУ, додека амбасадорот ја потврди потребата за конструктивен внатрешен политички дијалог за да се олесни постигнувањето на целите од европската агенда.

JPEG JPEG JPEG

На пригодна свеченост во Кочани, јавното претпријатие "Водовод" му врачи благодарница на амбасадорот, во знак на благодарност кон француската влада за финансиската поддршка на реализацијата на пречистителната станица за отпадни води на градот Кочани.

JPEG JPEG

Како дел од посетата на двата града, пратеничката можеше да ги согледа промените иницирани од новите општински тимови и да даде, во име на претседателот Macron, една охрабрувачка порака, истакнувајќи ја важноста од надминување на поделбите по партиска линија со цел да се прикаже една состојба во вистинско европско светло, како и реализација на суштинските реформи.

JPEG

Посетата на г-ѓа Танги продолжи во Скопје, каде што се сретна со највисоките претставници на власта. Така, со Претседателот Ѓорге Иванов, таа разговараше за билатералните односи помеѓу Франција и Македонија, за сегашниот политички контекст во земјата, како и за перспективите за интеграција во Европската унија.

JPEG JPEG

Разговорот на средбата со премиерот Зоран Заев се фокусираше на спроведувањето на реформите во согласност со агендата 3-6-9, за решеноста на Владата за продлабочување на добрососедските односи и конструктивната соработка со соседните земји, како и за важноста од поддршката од сите пратеници и сите политички чинители на владината реформска агенда.

JPEG

Претседателот на Собранието, господин Талат Џафери изрази задоволство од одличните пријателски односи меѓу Македонија и Франција. Тој ја поздрави континуираната француска поддршка на европската и атлантската интеграција на земјата и ја истакна потребата од продлабочување на меѓупарламентарните односи помеѓу двете земји, како и заемната поддршка во рамките на мултилатералната соработка. Покрај тоа, комуникацијата низ парламентарната дипломатија, како важен сегмент од натамошното унапредување на билатералните односи, ќе овозможи конструктивна и стабилна соработка.

JPEG

За време на средбата со г-дин Бујар Османи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, соговорниците ја истакнаа важноста на континуираната француска поддршка, а особено во периодот пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата. Г-ѓа Taнги потсети на значењето на европскиот проект на Претседателот Макрон, кој силно се заложи за функционална Унија која ќе обезбедува заштита на своите членкии, како и на изјавата на Претседателот дека изградбата на Европа нема да биде целосна без интеграција на земјите од Западен Балкан. За време на состанокот, господинот Османи се заблагодари на француската влада за директната поддршка преку обезбедување на технички експерт при неговиот кабинет.

JPEG

Средбата со господинот Артан Груби, Претседател на Комисијата за европски прашања, и нејзините членови беше можност да се разговара за развојот на билатералните односи, за реформските процеси и развојот на македонските односи со соседните земји. Беше заеднички заклучено дека односите постојано се развиваат, во духот на взаемната доверба и пријателство. Пратениците се согласија дека парламентарната соработка треба да се развива и продлабочи. Г-ѓа Танги потсети на важноста од напредокот во областа на владеењето на правото. Во четвртокот, на 22 март, во рамките на посетата на г-ѓа Танги, беше организиран прием во резиденцијата на Франција за пратениците од Комисијата за европски прашања, од Групата за француско-македонска парламентарна соработка и од Делегацијата при Парламентарното собрание на Франкофонијата.

JPEG

publie le 29/03/2018

hautdepage