Посета на претседателот на Европското движење на Франција во Македонија [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од Ив Бертончини, претседател на Европското движење на Франција и член на Ориентациониот совет за граѓански консултации за Европа, учествуваше во вторник, на 15 мај, на седницата на Комисијата за европски прашања.

При оваа средба со пратениците, г. Бертончини ја потенцираше важната улога што Македонија може да ја има во однос на контролата на миграцијата и борбата против тероризмот.

Таа треба да ги покаже пред земјите-членки сите свои капацитети за интеграција во ЕУ и да придонесе за презентирање на нејзината интеграција како позитивен придонес кон безбедноста на Европа, како и решение за сопствените потешкотии.

Остварените реформи беа поздравени и охрабрени. Амбасадорот потсети пред македонските пратеници дека сега сами ја имаат европската судбина на Македонија во свои раце, преку нивното чувство за национален интерес и нивната способност да работат заедно, посакувајќи да биде навистина успешна средбата во Охрид и дијалогот меѓу мнозинството и опозицијата.

Господинот Бертончини учествуваше и на семинарот организиран од Центарот за европски стратегии "Eurothink" за да ја сподели својата анализа за позицијата на Франција во врска со европската интеграција на Западен Балкан, како и на дебата на Европското движење. Тој исто така беше примен од Заменикот на претседателот на Владата, г. Бујар Османи и од Кабинетот на премиерот.

publie le 25/05/2018

hautdepage