Потпишување на Кодексот за соработка за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција [fr] [sq]

Во петокот на 18 октомври, амбасадорот присуствуваше на потпишувањето на Кодексот за соработка помеѓу македонската Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција (НКТЛИМ), водечката светска хотелска групација „Акорр“ и невладината организација „Отворена порта - Ла Страда“.

Овој документ, прв од ваков вид во хотелската индустрија во Северна Македонија, има за цел да ги заштити децата од сексуална злоупотреба во контекст на патувањата и туризмот. Кодексот го потпишаа државниот Секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален координатор на НКТЛИМ, г-ѓа Магдалена Несторовска, потоа г-ѓа Катазина Новак, директор за корпоративни односи со јавноста и корпоративна општествена одговорност за хотелите „Акорр“ во Југоисточна Европа и Јасмина Димишковска Рајковска, директор на невладината организација „Отворена врата - Ла Страда“.

publie le 27/10/2019

hautdepage