Потпишување на Протоколот за пристапување во НАТО на Република Северна Македонија [fr] [sq]

Француската Амбасадорка во НАТО, Елен Дишен го потпиша заедно со 28-те други амбасадори на земјите-членки, протоколот за пристапување во Организацијата на Република Северна Македонија.

Со тоа се отвораат нови перспективи за француско-македонска соработка во областа на одбраната, чие заживување беше констатирано за време на плодната размена при посетите на Државниот Секретар на вооружените сили на Франција, госпоѓата Женевиев Дариесек на Македонија, на 31 мај 2018 година и на госпоѓата Радмила Шекеринска, Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана, на 30 ноември 2018 година во Париз.

JPEG - 79.2 ko
JPEG - 79.7 ko

publie le 12/02/2019

hautdepage