Потпишување на договор за соработка во рамките на проектот "Тим Франција Балкан" [fr] [sq]

Во понеделникот, на 16 април во Скопје се потпиша Договор за соработка помеѓу г. Драгољуб Дамјановиќ, Претседател на Стопанско-индустриската комора Франција-Србија (CCIFS) и Г-ѓа Данела Арсовска, Претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, во рамки на проектот – Тим Франција - Балкан.

Овој проект, во кој учествува и Агенцијата Business France, се стреми кон воспоставување на мрежа од економски чинители на Балканот за да се поедностави присуството и делувањето на француските претпријатија кои сè повеќе пројавуваат интерес за регионот нудејќи им обем на работа и заштеда на време. Договорот беше потпишан во присуство на амбасадорот на Франција кој ја дава целата своја поддршка кон ваков вид на соработка и ја истакна важноста од присуство на македонски компании на регионалниот Бизнис Форум во Белград што ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни годинава 🔜 bit.ly/2J3ghiI

publie le 09/05/2018

hautdepage