Потпишувањето на вториот договор за соработка помеѓу Фондацијата Сен-Гобен и Организацијата Habitat for Humanity [fr] [sq]


Во средата на 15 мај, амбасадорот го поздрави потпишувањето на вториот договор за соработка помеѓу Фондацијата Сен-Гобен и Организацијата Habitat for Humanity, кои ги здружија силите за реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ - Неготино.

Сен-Гобен, француска групација позната во целиот свет по својата експертиза во областа на градежништвото, ќе учествува во реконструкцијата и инсталирањето на енергетски ефикасни фасади за подобрување на условите за живот во две куќи во кои се сместени 20 лица со посебни потреби. Соработката помеѓу овие две организации започна пред две години кога Фондацијата Сен-Гобен учествуваше во реконструкцијата на постари згради наменети за најранливите категории граѓани на Кавадарци.

publie le 18/05/2019

hautdepage