Поздравен говор на г-ѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција за време на отворањето на обуката „Вработување и мобилност на службеници“ [fr]

JPEG

Драг господине Јахи Јахија, државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација,

Драга госпоѓо Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС – Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија,

Драг господин Елкаим, државен службеник во Министерството за внатрешни работи и вонреден професор на Институтот за политички науки во Лил,
Драги претставници на службите за човечки ресурси во македонската администрација,

Ми претставува огромно задоволство што сум повторно пред вас, овојпат покрај господинот државен секретар Јахија за втората сесија од циклусот обуки чија цел е да се пружи поддршка на македонската влада при спроведувањето на реформата на јавната администрација и вработувањето по заслуга во администрацијата. Би сакала веднаш да ѝ се заблагодарам на госпоѓа Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија што љубезно ни ја отстапи оваа сала за обуки во просториите на ЗЕЛС.

Како што знаете, овој циклус е составен од четири обуки на водечки тематики за законите за статусот на јавните и државните службеници. Минатиот јуни, вие следевте обука за оценувањето според принципот 360 степени. Овојпат, за време од три дена ќе имате можност да дискутирате со господинот Жилбер Елкаим за начинот на вработување во администрацијата, пред сè преку конкурс, за идентификување и обука на комисијата за конкурсот, за интервјуата за работа, а во петок најмногу ќе се зборува за географската и професионалната мобилност на службениците и за следењето на мобилноста од страна на организацијата задолжена за координирање на човечките ресурси во администрацијата.

Кога се создаваше програмата за обука во тесна соработка со МИОА и ЕНА (Националната школа за админстрација), ние сакавме да пронајдеме практичари од областа на управување со човечки ресурси во француската јавна администрација кои би можеле на многу прагматичен начин да ви пружат вистинска поддршка во вашата задача на спроведување на законите. Според тоа, јас искрено и длабоко му се заблагодарувам на господинот Елкаим што прифати да дојде во Скопје за оваа обука. Господинот Елкаим самиот е жив пример на можностите за мобилност им се нудат на службениците. Всушност, во неговата кариера, тоа последователно беше шеф на кабинетот за обука во Министерството за внатрешни работи, деташиран експерт за внатрешни работи во Европската комисија, советник за внатрешни работи (азил, имиграција) во постојаното француско претставништво во Европската Унија, потоа осум години беше директор на Регионалниот институт за администрација во Лил. Поради богатото искуство, господинот Елкаим предава во име на ЕНА во Франција во Центарот за европски студии во Страсбур, но исто така и во многу земји што отпочнаа реформи во администрацијата. Господинот Елкаим е исто така вонреден професор во Институтот за политички студии во Лил, една од најголемите француски школи за европски прашања задолжена за спроведување на подготвителниот циклус во ЕНА. Јас не се сомневам господине Елкаим дека ќе успеете да одговорите на очекувањата на учесниците и да им ги пренесете своите вештини и искуство во таа област.
Оваа обука се спроведува во рамките на билатералната соработка меѓу Франција и Македонија, особено со Министерството надлежно за администрацијата и Секретаријатот за европски прашања, со цел да се поддржи Република Македонија во реформите што се отпочнуваат како дел од евроинтегративниот процес. Амбасадата на Франција во Скопје и Францускиот институт во Скопје преку организирањето на часови по француски јазик, посветуваат голем финансиски дел на оваа билатерална соработка. Реформата на администрацијата е еден од трансверзалните приоритети за сите земји-кандидатки за членство во Европската Унија. Во пресрет на објавувањето на извештајот за напредот на Македонија, ние сме свесни дека вие веќе започнавте голем број на реформи.

Успешното спроведување на законите за вработување во јавната администрација со цел да се изгради администрација составена од објективно и транспарентно вработени службеници чиј професионален напредок ќе се заснова на професионални заслуги и на начинот на кој тие ѝ служат на земјата е голем предизвик за земјата и за секој од вас како клучен елемент во тој процес. Господине државен секретар, дами и господа, мојата желба е Франција да ве поддржи за овој проект да биде успешен. Тоа е стремежот на обуката што ќе ја следите.

Ви благодарам.

publie le 20/02/2015

hautdepage