Пратеници од македонскиот Парламент со НВО против дискриминацијата на ЛГБТИ заедницата [fr] [sq]

Во февруари оваа година, во македонскиот Парламент се формираше интерпартиска група составена од пратеници од различни политички партии која работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата.

Настанот беше поддржан од пратеници и од претставници на Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија. Групата, составена од 13 члена, предводена од г-ѓа Маја Морачанин, координатор на проектот, беше на прием во петок, 29 јуни во резиденцијата на Франција. По тој повод, амбасадорот ги покани претставниците на невладините организации вклучени во заштитата на правата на ЛГБТИ заедницата: г-ѓа Ирена Цветковиќ и г. Александар Алексоски од ЛГБТ MK, г-ѓа Елена Петровска од НВО Хера, г. Ненад Мицов од НВО "stronger together", г-ѓа Силвана Наумова од НВО ХОПС, г. Петар Стојковиќ од Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, г. Беким Асани и г-ѓа Јасмина Џафери од НВО ЛГБТ Јунајтед - Тетово, г. Антонио Михајлов од Субверзивен фронт и др...

Оваа интерпартиска пратеничка група ги промовира правата на ЛГБТИ заедницата користејќи ги достапните механизми на Собранието за градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи. Новиот закон против дискриминацијата треба наскоро да биде презентиран во Парламентот. Амбасадорот го поздрави овој нов чекор што значи приближување кон Европа, како и најавата дека пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон оваа група.

publie le 04/07/2018

hautdepage