Во вторникот на 22 септември, амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, г. Петре Шилегов.
Во вторникот на 22 септември, амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, г. Петре Шилегов. За време на средбата, тие разговараа за продолжување и интензивирање на соработката помеѓу градот и амбасадата на Франција, особено преку физибилити студијата за пречистителна станица за отпадни води, финансирана од Франција, проект што е поддржан од македонската Влада. Градоначалникот ја истакна важноста од развој на заеднички иницијативи во областа на животната средина и услужните дејности.