Амбасадорот одржа предавање во Економскиот факултет во Прилеп [fr] [sq]

Во вторник, на 14 мај амбасадорот го посети Економскиот факултет во Прилеп, партнер на Универзитетот во Ница и оствари средба со деканот проф. д-р Драгица Оџаклиеска, како и со ректорот на Универзитетот Св. Климент де Охрид, проф. д-р Сашо Коруновски.

Во таа пригода, амбасадорот одржа предавање и одговараше на прашањата на студентите од овој факултет во врска со „изборите во Европскиот парламент: предизвици и надежи за Унијата“. За време на својата посета на Прилеп, тој се сретна и со претседателите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција), г. Петар Ристески и на општинската организација на СДСМ, г. Миле Талевски, кој е и претседател на општинскиот совет, во седиштата на овие политички партии.

publie le 15/05/2019

hautdepage