Предизвиците на локалниот развој на Гостивар [fr] [sq]

За време на неговата посета на Гостивар, амбасадорот оствари средба и со потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и претседател на локалниот огранок на оваа политичка партија во Гостивар, г. Невзат Бејта, како и со Драгољуб Филиповски, претседател на општинската организација на СДСМ за Гостивар и советниците на оваа партија во Советот на Општина Гостивар.

Со своите соговорници, амбасадорот разговараше за актуелната политичка состојба, за европските перспективи на Северна Македонија, како и за предизвиците на локалниот развој. Престојот на амбасадорот заврши со посета на џамијата Саат и на познатата Саат кула, симбол на градот, како и на црквата Св. Богородица, пример за верски и за соживот меѓу заедниците.

publie le 13/07/2019

hautdepage