Премиерата на филмот "Враќање" во Скопје [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од директорот на Регионалната економска служба г-дин Жан-Мари Деманж, присуствуваше во средата на 18 април, на премиерата на филмот "Враќање", на режисерот Кастриот Абдили, македонско-косовска копродукција во која Делфин Депардје, млада актерка и внука на познатиот актер, со префинетост и емпатија ја толкува главната улога.

На премиерата на овој филм, во која е опишан јазот меѓу таткото што ја носи албанската рурална традиција и синот емигрант, верен со млада Французинка, присуствуваа многу посетители, меѓу кои и министрите за култура на Македонија и на Косово, како и господинот Арбр Адеми, Заменик-министер за образование во македонската Влада. Многу успешен филм за судирот на вредности и практичните тешкотии на толеранцијата. Прекрасни пејзажи, одлични актери, одличен филм со сериозни заплети измешани со комични ситуации кој ве тера на размислување.

publie le 09/05/2018

hautdepage