Прес конференција за време на неформалниот Самит со Водачите на државите на западен Балкан [fr] [sq]

JPEG
Видеото од прес конференцијата на Франсуа Оланд, Претседател на француската Република и на Борут Пахор, Претседател на Република Словенија на 25 јули 2013 е достапна. тука на интернет страницата на Елисејската палата.

Следуваат делови од вербатимот од прес конференцијата:

Прашање: Македонија побара помош за решавање на прашањето за името за време на средбата, како што тао беше случај меѓу Приштина и Белград или меѓу Љубљана и Загреб. Дали сте подготвени да дадете ваша поддршка за решавање на овој спор? А исто така го спомнавте самитот на ЕУ во декември, моето прашање е: што може да очекува Македонија од Самитот во декември во однос на ова прашање? Бидејќи во месец јуни, не се ни спомна прашањето за името кога состојбата на статус кво останува.

Франсуа Оланд: Во јуни, главна грижа беше Србија, особено откако тој ден му честитавме на премиерот на Хрватска, присутен во Европскиот совет за успехот на процесот на пристапување.

За Поранешната Југословенска Република Македонија, јас потсетив дека Франција е подготвена да бара решение, поради квалитетниот однос што го имаме со Грција. Вистина е дека прашањето за името го блокира моментално процесот и ние не може да застанеме тука. Значи Франција е подготвена да ја игра, и за ова прашање својата улога во промовирање на разбирање на оваа тема која сега – ако може да кажам – го комплицира процесот премногу долго.

publie le 20/08/2013

hautdepage