Презентација на книгата "Разговори со Омер Калеши, Скопје-Истанбул-Париз" [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во понеделникот, на 14 мај, во македонската Академија на науките и уметностите, на презентацијата на книгата "Разговори со Омер Калеши, Скопје-Истанбул-Париз" од г. Луан Старова, еминентен писател, автор на "Балканската сага" и поранешен амбасадор на Македонија во Париз.

Пред овој литературен настан, тој се сретна со г. Старова и со г. Омер Калеши, сликар роден во Македонија, кој живее и работи во Париз, како и со г. Таки Фити, претседател на Академијата, со кого амбасадорот разговараше за развојот на соработката со Академијата на науките и уметностите.

Предговорот на ова најново дело на г. Старова во кое тој разговара со Омер Калеши за неговиот живот, неговата работа и неговиот културен пат меѓу овие три града, е на професорот Ферид Мухиќ, франкофонски филозоф, пратеник во македонскиот парламент и член на групата за пријателство помеѓу Франција и Македонија.

publie le 21/05/2018

hautdepage