Презентацијата на мандатниот извештај за активностите на претседателот на Собранието на Северна Македонија [fr] [sq]

Во средата на 11 март, амбасадорот присуствуваше на презентацијата на мандатниот извештај за активностите на претседателот на Собранието на Северна Македонија.

Во оваа пригода, господинот Талат Џафери, придружуван од потпретседателите на Собранието, го презентираше својот мандат пред претставниците на дипломатскиот кор. Тој им се заблагодари на амбасадорите за нивната поддршка во унапредувањето на парламентарната демократија. Со овој собраниски состав се реализираа бројни размени со активна поддршка на Амбасадата на Франција: посети на француски пратеници, официјална посета на Париз на парламентарната група за соработка, како и соработка во областа на етиката.

publie le 27/03/2020

hautdepage