Презентацијата на завршните колекции на студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од советникот за соработка и култура, учествуваше на презентацијата на завршните колекции на студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева, раководител на катедрата и голем франкофон, модната ревија во знакот на Франција и на Новиот бран (Nouvelle Vague), беше можност да се ужива во талентот и креативноста на студентите.

Францускиот институт во Скопје ќе го поддржи престојот во Франција на еден талентиран студент, за време на модната недела во октомври оваа година.

publie le 25/06/2018

hautdepage