При својата прва посета на Градско.... [fr] [sq]

При својата прва посета на Градско, во понеделник на 18 март, амбасадорот оствари средба со градоначалникот Роберт Бешовски. Посетата продолжи во основното училиште „Даме Груев“, во Откупно дистрибутивниот центар за земјоделско производство „Ником“, како и во седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

При својата прва посета на Градско, во понеделник на 18 март, амбасадорот оствари средба со градоначалникот Роберт Бешовски. Тој го посети и основното училиште „Даме Груев“ каде што се изучува францускиот јазик. Посетата продолжи во Откупно дистрибутивниот центар за земјоделско производство „Ником“, отворен со помош на ИПАРД програмата, како и во седиштата на ВМРО-ДПМНЕ (опозиција во оваа општина) и на СДСМ, за да разговара со претседателите на локалните ограноци на овие партии, г. Киро Нацков (ВМРО-ДПМНЕ) и г. Драгослав Симоновиќ (СДСМ). Престојот на амбасадорот во Градско заврши со посета на спомен-локалитетите од Првата светска војна, вклучувајќи го и манастирот Свети Архангел Михаил, место на жестоки борби во 1915 година.

publie le 25/03/2019

hautdepage