Придонесот на Сефардските Евреи за Западен Балкан [fr] [sq]

По повод 27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, во Министерството за надворешни работи се одржа комеморативна церемонија.

Амбасадорот присуствуваше на овој настан, како и на отворањето на изложбата на тема „Изгубениот свет на Сефардските Евреи од Западниот Балкан“. Франција има посебни врски со сефардските заедници на Балканот преку активностите на Светскиот еврејски сојуз и Лаичката мисија кои силно придонесоа за модернизација на овие заедници. Тие имаа голем удел за Франција. Ќе ги споменеме Патрик Модиано, добитник на Нобеловата награда за книжевност, Едгар Морен, почесен член на Македонската академија на науките и уметностите, или Данило Киш, преведувач на српско-хрватски јазик на Бодлер и други француски автори.

publie le 31/01/2018

hautdepage