Прием во Резиденција на група ученици франкофони од село Опае [fr] [sq]

По едукативната посета на Францускиот институт во Скопје, група ученици франкофони од основното училиште "7 Март", од селото Опае, беа примени од амбасадорот во резиденцијата на Франција.

Во ова училиште, која се наоѓа во општина Липково, учел и Заменик-министерот за Образование, г. Арбер Адеми. При нивната посета во Скопје, учениците беа во придружба на нивната професорка по француски јазик, г-ѓа Гзиме Рамадани и на директорот на училиштето, г. Бесник Ибрахими. Во оваа прилика, амбасадорот разговараше со учениците на теми поврзани со месецот на Франкофонијата, како и за важноста од изучувањето на францускиот јазик.

publie le 13/03/2018

hautdepage