Прием во чест на Франкофонијата во резиденцијата на Франција [fr] [sq]

Амбасадорот организираше во петок 16 март во резиденцијата на Франција прием, во рамките на прославата на месецот на Франкофонијата. Добра прилика да му се заблагодари на сите актери кои работат за промоција на Франкофонијата во Македонија.

Како дел од прославата на месецот на Франкофонијата, амбасадорот организираше во петок 16 март во резиденцијата на Франција прием во присуство на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Бујар Османи, на Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, амбасадорот Виктор Димовски, на акредитирани претставници на франкофонски земји во Република Македонија, националната комисија за Франкофонија и франкофонските оператори во Македонија - двете француски алијанси, Француското интернационално училиште Скопје, Здружението на професори по француски јазик и Катедрата за француски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет.

Во таа пригода, државниот секретар и амбасадорот изразија задоволство од соработката во областа на Франкофонијата и го поздравија зголемениот интерес на Владата за активно учество во програмите на Меѓународната организација на Франкофонијата. Амбасадорот потсети дека во 2018 година ќе продолжи наставата по француски јазик за високи административни службеници и раководители, ќе се отвори франкофонски универзитетски центар при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зборуваше и за значајната активност за континуирана обука на професорите што го реализира Францускиот институт во Скопје во соработка со Здружението на професори по француски јазик, како и за напорите на Француското интернационално училиште Скопје (EFIS) и гимназиите со двојазична настава за промовирање на францускиот јазик во системот на македонското образование. Тој исто така ги поздрави настаните што ги организираат амбасадите на Албанија, Романија и Белгија во месецот на Франкофонијата.

publie le 28/03/2018

hautdepage