Прием во резиденцијата на Франција во рамките на десетгодишнината од постоењето на Здружението на омбудсмани на Медитеранот [fr] [sq]

Во вторник, на 29 мај, во резиденцијата на Франција во Скопје се одржа прием во рамките на десетгодишнината од постоењето на Здружението на омбудсмани на Медитеранот.

Ова здружение, создадено во 2008 година во Марсеј, има за цел да ги промовира и брани основните права во земјите од Медитеранот. На средбата, на која беа поканети омбудсманите на земјите-членки на Здружението, беа присутни г-дин Жак Тубон, Правобранител на Франција од 2014 година, поранешен министер за култура и за правда, г-ѓа Еринда Баланца, омбудсман на Албанија, која претседава со Здружението, како и г. Иџет Мемети, македонскиот народен правобранител. Во оваа пригода, г. Мемети потсети дека институцијата е основана пред 14 години во Македонија и дека таа достигна зрелост со поддршка на граѓаните. Амбасадорот, од своја страна, ја истакна важноста од работата на Народниот правобранител, особено во контекст на продолжувањето на реформите и подготовката на законот против дискриминација кој треба да овозможи унапредување на заштитата на правата на ЛГБТИ заедницата. Тој потсети на европската институционална соработка во која Франција учествува од самите нејзини почетоци и потврди дека нашата поддршка ќе продолжи овозможувајќи му на здружението квалитетна размена на искуства.

publie le 05/06/2018

hautdepage