Приоритетите на Министерството за внатрешни работи за 2018 година [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за внатрешна безбедност, се сретна во средата, на 25 јули, со господинот Оливер Спасовски, Заменик на Претседателот на Владата и Министер за Внатрешни работи.

За време на средбата, г. Спасовски зборуваше за приоритетите на неговото министерство за наредната година: борбата против трговијата со дрога и малолетничката деликвенција. Исто така се разговараше за идните реформи во областа на безбедноста и можностите за соработка.

Во оваа прилика, амбасадорот го искажа своето уверување кон министерот за поддршката на Франција, во согласност со заложбите на претседателот Макрон презентирани за време на неговиот состанок со премиерот Заев во Брисел, на маргините на Самитот на НАТО, за важните проекти што треба да се реализираат во иднина за Македонија да продолжи по патот кон европската интеграција.

publie le 05/08/2018

hautdepage